Марин Ле Пен: Кампот на Макрон речиси целосно уништен
Лидерката на францускиот Национален собир (НС), Марин Ле Пен, изјави вечерва, по излезните анкети, според кои НС освои околу 34 отсто од гласовите во првиот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, дека „кампот на претседателот Емануел Макрон е речиси целосно уништен“.
Таа повика на апсолутно мнозинство во вториот круг од изборите за да може нејзината партија да ја „поправи Франција и повторно да воспостави единство“, пренесува Франс 24.
Ле Пен истакна дека францускиот народ во првиот круг од изборите покажал дека сака да стави крај на владеењето на Емануел Макрон, кое траеше седум години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…