Марин: Jас лично мислам дека повеќе не можеме да веруваме дека ќе имаме мирна иднина покрај Русија ако сме сами
Финската премиерка Сана Марин, зборувајќи по официјалното соопштение дека земјата ќе влезе во НАТО, рече дека потегот е неопходен по инвазијата на Украина.
„Кога ја гледаме Русија, гледаме сосема поинаков вид на Русија од онаа што ја видовме пред само неколку месеци“, рече Марин, одговарајќи на прашање на Скај њуз.
„Сè се смени кога Русија ја нападна Украина и јас лично мислам дека повеќе не можеме да веруваме дека ќе имаме мирна иднина покрај Русија ако сме сами. Затоа ја носиме одлуката за влез во НАТО. Тоа е чин на мир“, рече Марин.
„Имавме војни со Русија и не сакаме таква иднина за себе или за нашите деца“, додаде таа. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…