Маричиќ бара ЕУ да направи јасен план со временска рамка за проширувањето: Државите да знаат кога ќе станат членки
Сега е најважно што побрзо ЕУ да направи јасен план за проширувањето на Западен Балкан, со временска рамка во која земјите од Западен Балкан или барем повеќето од нив ќе станат членки на Европската Унија. Со тоа ќе потврди дека Европската Унија функционира за Западниот Балкан и дека е единствен проект за регионот, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Според него, претставниците на Европската Унија знаат дека ЕУ мора да остане и мировен и политички проект.
-Сметам дека и претставниците на Европската Унија знаат дека Унијата мора да остане и мировен и политички проект, за да успее и за да ја одржи својата сила внатре, но и надвор од границите на Европа, како глобален играч, наведе Маричиќ на својот фејсбук профил во врска со „Balkan Integration Forum 2022″ што го организираат Фондацијата Фридрих Еберт и Европското движење во Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…