Објавено на:

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ креваат националистичка реторика, тоа може да доведе до тешки состојби после изборите

t

Зборувајќи за резултатите од првиот круг претседателски избори и за очекувањата од парламентарните избори првиот вицепремиер во Владата и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бијан Маричиќ, порача дека неговата партија ќе продолжи со комуникација со граѓаните, додавајќи дека од друга страна на политичката сцена има кревање на националистичката реторика од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Јас сум убеден ако продолжиме со искрена, отворена комуникација, ако ги лоцираме политиките но и луѓето кои што со своето однесување ни нанесоа огромна политичка штета и ако успееме, а сум сигурен дека ќе успееме да изнајдеме сила со тоа да се справиме, убеден сум дека на 8 мај ќе направиме резултат со кој СДСМ ќе биде горд и пак ќе кажам, многу работа не очекува до 8 мај и како партија и како институции се разбира. А во конктестот на европските интеграции многу бргу веќе во оваа кампања гледате дека ВМРО-ДПМНЕ избегнува да зборува за европските интеграции ,претежно се крева една националистичка реторика. За жал тоа беше прифатено и од ДУИ дури и иницирано. Но граѓаните не може да видат среќа од таа реторика, може да видат само еден набој којшто ќе не донесе во една тешка ситуација по изборите“ истакна Маричиќ.

Тој изрази уверувања дека СДСМ ќе продолжи да биде бедем на слонодата и демократијата, на социјалната правда.

„Се бориме за една силна партија која што ќе остане, ќе продолжи и ќе се развива да биде бедем за демократија, за слобода, за социјални политики и социјална правда во кои многу вложивме во овие 7 години и со нивото на платите и со она што го поминавме низ сите овие кризи во последните 4 години и со правецот во кој што ја носиме државата. И ние на тие политики ќе останеме секако во разговор со граѓаните ревидирајќи се она за што ни испратија порака“ посочи Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…