Маричиќ во дводневна посета на Прага

t

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, од денеска престојува во дводневна работна посета на Прага, Република Чешка, која од 1-ви јули претседава со Европската Унија.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ, како што соопшти СЕП, ќе оствари билатерална средба со неговиот хомолог, министерот за европски прашања на Чешката Република, Микулас Бек, со претседавачот на собранискиот Комитет за европски прашања Ондреј Бенешик и претседателот на Интер-парламентарната група за пријателство на Македонија со Чешка, Петр Беитл.

Теми за разговор на состаноците ќе бидат подготовките за почетокот на преговорите на Македонија со Унијата, предизвиците кои нè очекуваат претстојната зима предизвикани од светската енергетска криза и приоритетите на чешкото претседателство со Унијата.

Вицепремиерот Маричиќ, 8-ми септември ќе го одбележи со работни состаноци, во земја која во моментов претседава со Унијата и заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ќе биде дел од активностите на програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура во Чешка“, организирана од Министерството за култура во соработка со македонската амбасада во Прага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спречено самозапалување пред руската амбасада во Прага!

Чешката полиција спречила чин на самозапалување пред…

Пронајдени плински боци и канистри со бензин,…

Дејвид Козак, кој уби 14 луѓе во…

Ден на жалост во Чешка за жртвите…

Чешката Република одбележува Ден на жалост за…

(Видео) Шокантни детали:  Оружјето што го користел…

Експертите за оружје тврдат дека Давид Козак…

Уште една жртва на терористичкиот напад во…

Еден од ранетите во вооружениот напад на…