Маричиќ ги предаде пиринските Македонци: Не било до Македонија да кажува какво малцинство има во Бугарија

t

Новиот вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ пред утрешната посета на Скопје на бугарскиот премиер Кирил Петков потврди дека Македонија нема да се меша во политиката на Бугарија кон македонското малцинство.

– Најпрво мислам и до сега дека имавме таква пракса на немешање во која било соседна држава. Не е на Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот, а тоа е случај и со Бугарија, рече Маричиќ како одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерката за Европа на Германија, Ана Лирман.

Доскорешниот министер за правда рече дека политички партии и здруженија може да ги браат правата на македонското малцинство во Бугарија пред Советот за Европа, но непродуктивно би било ако тоа го бара државата, бидејќи како што вели тој, такви се и уставните обврски.

За мешовитиот комитет од историски комисии, Маричиќ рече дека „досегашните напори ќе бидат вградени во наредната рамка во која ќе бидат вклучени повеќе групи, комисии и институции“.

– Претпоставувам дека таа комисија ќе продолжи да егзистира, но во која форма – ќе видиме, наведе Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Бугарија од утре официјално е членка на…

Бугарија официјално стана членка на Шенген просторот…

Два земјотреси рано утринава ја стресоа Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

БУГАРИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ: Габриел ја…

Направивме многу отстапки“, рече кандидатката за премиер…