Маричиќ: Гласот за Левица и ЗНАМ е награда за ВМРО-ДПМНЕ

t

Вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ смета дека како партија имаат доволно време до 8-мај за да работат со секој граѓанин, за да, како што вели, имаат поизбалансирана и подобра слика на изборите, во која што во исто време е прифатена пораката на граѓаните, односно кадровски и политички да работат поинаку. Маричиќ вели доколку би имале можност, не би ги направиле истите грешки од минатото.

-Сигурен сум дека има неколку работи кои што би ги направиле поинаку и поинаков исход во некои процеси. Комуницираме со локалните штабови и месните заедници до сите нивоа. Мислам дека членовите на СДСМ сакаат да ја видат партијата посилна, пообединета и подостојна на своите политики. Не е ова гола борба за власт, туку за оддржување на силен демократски бедем. Да не заборавиме што се се случи кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, да не ги отвораме тие рани, кажа Маричиќ во емисијата на „Слободен печат“.

За вицепремиерот, нема суштинска разлика меѓу Левица, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Мислам дека ако зборуваме за наследството на АСНОМ и Народноослободителната војна, СДСМ покажа повеќе пати дека ги чува и негува тие позиции. Во време на ВМРО-ДПМНЕ, Сојузот на борци ги изгуби просториите во домот на АРМ. Тоа беше третманот на тие луѓе. Гласајќи за Левица или ЗНАМ, се наградува ВМРО-ДПМНЕ, иако можеби се казнува и СДСМ, но повеќе се наградува партијата на Мицкоски, смета Маричиќ.

Тој нема илема дека ВМРО-ДПМНЕ нема да направи никаков исчекор во европските интеграции.

-Ако ги следите нивните изјави од вчера, велат ајде да не брзаме да видиме што ЕУ планира со нас и тоа е легитимно. Меѓутоа завчера во Европскиот парламент беше усвоен пакетот од шест милијарди за нашиот регион, од кои Македонија треба да добие 850 милиони евра и тоа е јасен одговор на тоа што ЕУ планира со нас. Планира да вложува во овој регион за тој да се развива, ние тоа треба да го искористиме и на тоа треба да работиме, да создаваме нашите млади да имаат можности што ние сме ги немале. Јас кога бев студент чекавме во редици за виза, денес има многу повеќе можности, но ние борејќи се со нашите стравови со нашите отворени прашања, тие можности ги пропуштаме, рече тој.

Маричиќ додаде дека интеграцијата во ЕУ е гаранција за напредокот и развојот на државата.

-Секоја долготрајна блокада секогаш завршувала со внатрешни проблеми и конфликти коишто веќе се во најава, рече Маричиќ.

Според него партиите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ водат изразено националистичка кампања.

-Ние сега, во кампањата имаме жестока националистичка реторика како никогаш досега претходно. Конкретно мислам на оној активен дијалог на кревање тензии, помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во текот на кампањата. Тој концепт многу лесно се поигрува со чувствата на граѓаните. Концептот на бинационална држава и меѓуетничка поделеност отсекогаш бил концепт на ВМРО-ДПМНЕ, посочи тој. Ние, додаде Маричиќ, секогаш сме нуделе пограѓански пристап, пристап во кој сите граѓани се еднакви и нормално, пристап со кој се брани и чува достоинството на македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Врховниот суд и на други…

Вечерва на полноќ ќе се одржи итна…

Ердоган прогласи Ден на национална жалост по…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи ден…

Меџити: Албанците му кажаа “доста“ на Ахмети

Има една поговорка, „кој губи има право…

Ѓеорѓиевски за ТВ 24: Јавна тајна е…

Орце Ѓеорѓиевски градоначалникот на Кисела вода и…

Детали за апсењето на Врховниот судија Наке…

Синот на поранешниот градоначалник на Ново Село,…