Маричиќ: ЕУ работи на забрзана интеграција на Западен Балкан по руската агресија во Украина

t

Ниту една слабост нема да остане незабележана за време на скринингот, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето на ТВ21. Според него, целта на скринингот е од фаза на известување за напредокот, да се навлезе во фаза на листа на задачи и рокови за тие задачи со цел зачленување во Европската унија.

Истакна дека претстои процес на реформи од кој корист ќе имаат граѓаните.

-Системот за вработување во јавна администрација е на пример долгорочна борба. Треба да изградиме таков систем што ќе овозможи да влегуваат најдобрите, без разлика на партиска припадност, рече Маричиќ.

Посочи дека после долго време е променета атмосферата во Брисел во однос на процесот на проширување.

-После нападот на Русија врз Украина се враќа на маса геостратешкиот момент. Сфаќаат дека е неопходно да се направи план за интегрирањето на земјите од Западен Балкан, истакна Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…