Маричиќ за апсењето на Салиу: Денес е Фуркан, утре може да е било кој друг, слободата мора да ја чуваме

t

Денес е Фуркан, утре може да е било кој друг, слободата мора да ја чуваме, режим никогаш повеќе, слободата е наша неотуѓива правдина, завршени се времињата на заробената држава, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по приведување на новинарот Фуркан Салиу.

„Дали сме за заробена држава или држава во која се негуваат граѓанските и медиумските слободи и права? Нашата држава доживеа преобразба од период на ограничувања до ера на слобода. Во 2023 година, Северна Македонија се искачи на 38. место во Глобалниот индекс на „Репортери без граници“, покажувајќи значително подобрување во слободата на медиумите и граѓанските права, во споредба со мрачниот период на заробена држава (2013-2016), кога беше на 123 место“ пишува Маричиќ.

Тој посочи дека од 2013 до 2016 година биле прислушувани над 20.000 граѓани

„Масовните протести и „Шарената револуција“ беа клучни во иницирањето на промените кои следеа, со новата влада која презема значителни мерки за враќање на медиумските и граѓанските слободи. За време на режимот од 2013 до крајот на 2016 година беа згазени граѓанските слободи со незаконско прислушувани повеќе од 20.000 луѓе. Оваа трансформација ја потврдува колективната волја на народот за демократија, покажувајќи дека режимот кој ја потиснува слободата е дел од минатото и дека општеството е единствено кога станува збор за слобода и правда“ објави Маричиќ на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ од Црна Гора: Време е за…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…