Маричиќ за една година со народни пари испил 43.000 кафиња во кафуле на лице блиско до Заев?
Бојан Маричиќ, министерот на заевизмот, само за едно гоштевање платил 17 илјади денари, народни пари. Тоа е една месечна плата со која преживува едно македонско семејство цел еден месец, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа говори за лицемерието и раскалашеноста на власта. Бараат од граѓаните да го стегаат ременот, а тие ги јадат народните пари. Како што беше информирана јавноста, за една година Маричиќ потрошил над 313 илјади денари за ручеци. Било јадено пастрмки, бифтеци, шницли, јунешки мускул во сос, па се залевало со жестоки појалоци, мастики, узо, сортни вина итн се во реномирани и ексклузивни ресторани, потенцираат од партијата.
Кога половина милион луѓе живеат во сиромаштија со 150 денари дневно, гоштевањата на Маричиќ се бесрамни.
Но ова не е се. Маричиќ за една година со народни пари платил, или ако сакате испил, 43 илјади кафиња од кафулето во сопственост на лице блиско на Зоран Заев. Ова е само потврда дека власта на СДСМ троши безмилосно, додека народот гладува и едвај врзува крај со крај. Премногу е! Ова мора да престане!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…