„Маричиќ и пиунот Ковачевски се оградуваат од Македонците во Бугарија, а понизно прифаќаат диктати од Бугарија за промена на македонскиот Устав“
Од прв ден на владата на пиунот Ковачевски продолжија националните понижувања исто како да ја води Зоран Заев, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Па така и Маричиќ и Ковачевски се оградуваат од Македонците во Бугарија и велат дека нема да се мешаат во малцинските права во Бугарија, а во исто време дозволуваат официјална Софија да им диктира промена на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во неговата преамбула.
Каде се Маричиќ и Ковачевски по истите принципи да побараат реципроцитет и да и порачаат на официјална Софија да не се меша во внатрешните работи на Македонија? Напротив, молчат и поданички се поклонуваат, а го газат и навредуваат својот народ во континуитет.
Впрочем Маричиќ може смени ресор, ама не смети табиет. Тој со акт како министер за правда го ограничи користењето на терминот Македонија за здруженија на граѓани и организации. Сега од прв ден во новиот ресор за евроинтеграции продолжува со активности кои наликуваат на ставовите на антимакедонските и негаторските субјекти од регионот.
Ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, затоа мора да биде поразен на избори што поскоро, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…