Маричиќ контра Османи: Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни

t

Не стивнуваат реакциите по вчерашното скандалозно однесување на министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи кој работи спротивно на македонските интереси. Османи вчера ја презеде улогата на претседател на државата па самиот носи одлуки дали Македонија ќе излезе од регионални иницијативи како „Отворен Балкан“, дали имало геноцид во Сребреница. „Европски“ што би рекол Бујар во кампањата.

За изненадување е што конечно има реакција од помалиот коалициски партнер на власта СДСМ. Се огласи вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој смета дека одговорноста за случувањата во Сребреница треба да биде индивидуална, а не колективна.

-Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со Декларација на Собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид. Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓународни судови и трибунали, таа треба да биде со име и презиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава, изјави Маричиќ за ТВ Канал 5.

Османи вчера најави дека ќе предложи Македонија да излезе од иницијативата „Отворен Балкан“. Маричиќ и на тоа има реакција и нагласува дека секоја регионална соработка е добра за државата.

-Ние инсистиравме да остане таа иницијатива отворена и таа остана отворена. И се додека имаше и има поддршка од нашите стратешки партнери, треба во неа да партиципираме и да се фокусираме на конкретните придобивки без големи политички теми. Затоа што тие крупни политички теми блокираа други регионални процси и не донесоа ништо добро. Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни и треба од нив да извлечеме максимум, наместо да ги доведуваме во политички контекст, вели Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст…

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД)…

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…

Британскиот МНР Камерон: Украина има право да…

Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Пендаровски: Силјановска си закажала дебата сама со…

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ…