Маричиќ – Копман: Владеењето на правото клучно за брз напредок во преговорите со ЕУ

t

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел се сретна новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, кој укажа дека исполнувањето на реформите во Поглавјата 23 и 24 мора да остане во фокусот на работата на сите институции во земјава.

– Владеењето на правото да остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите со ЕУ. Судските реформи и владеењето на правото се од витално значење во Кластерот „Фундаментални вредности” и на нив мораме да обрнеме посебно внимание особено во подготовката на Патоказот за владеење на правото. Постојат отворени и реални можности за напредок на Македонија кон ЕУ, за кои Копман изрази волја за помош и поддршка, наведе Маричиќ во објава на својот профил на Фејсбук.

Тој потенцира дека од страна на ЕУ е препознаено и оценето како видливо високото ниво на подготвеност и ентузијазмот кај македонските преговарачки групи, кои досега презентираа пред Европската комисија и треба да ја одржиме таа динамика.

– Со континуирана поддршка на Европската унија, остануваме посветена на спроведување на обемни политички и економски реформи кои произлегуваат од процесот на пристапување и кои ги очекуваат граѓаните, додава Маричиќ во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…

Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…

Татко од Крива Паланка бил насилен кон…