Маричиќ: Македонската и бугарската страна нема да дозволат споровите да станат поголема пречка во идниот период
Македонската и бугарската страна да не дозволат споровите во наредниот период да станат уште поголема пречка, бидејќи тоа ќе влијае долгорочно и на нашите односи, но и на идните односи во Унијата и регионот, порача вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Маричиќ, кој зборуваше на панелот „Западен Балкан и проширувањето на ЕУ – одраз на руската агресија врз Украина” во рамки на „Балканскиот интегративен форум 2022″, изрази верување дека и бугарските политичари имаат извлечено поука од прашањето Македонија.
Тој рече дека имаме добри сојузници во Бугарија, во сите политички партии, но за жал сè уште тензијата и антикампањата е голема, а врзана е, оцени, и за она што се случува во Украина.
-Сличните структури кои се против поддршката за Украина се и против Македонија и преговорите со Европската Унија, напомена вицепремиерот.
– Ова е заедничка задача и од наша и од бугарска страна, да не дозволиме сите овие спорови во наредниот период да станат уште поголема препрека, бидејќи тоа дефинитивно ќе влијае долгорочно и на нашите односи, но и на идните односи во Унијата и регионот, посочи Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…
Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на…
Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев…
Излезноста во Бугарија до 14 часот е…
Излезноста на претседателските избори во Бугарија до…