Маричиќ: Македонците и современиот македонски јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици
Денеска го одбележуваме празникот Свети Климент Охридски, посветен на светителот кој на македонско тло ја создаде кирилицата и кој со своето дело го обедини светото и световното, оставајќи зад себе силни универзални вредности, истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
„Како основач на Охридската книжевна школа, односно на првиот балкански и европски универзитет, Свети Климент Охридски не само што ја продолжил мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, туку и на најдобар начин ги застапувал вредностите на просветителството преку учењето за солидарноста на христијанскиот дух и верата на луѓето.
Свети Климент Охридски како еден од најблиските и најревносните соработници на светите браќа Кирил и Методиј ја продолжил мисијата за описменување на народите на Балканот и во Македонија, и во нивна чест ја унапредил глаголицата во кирилица и така ги создал никулците на македонскиот јазик и писмо.
Денес, Македонците и современиот македонски јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа. Ние денеска ги препознаваме делата на Свети Климент Охридски како епохални и безвременски.
Тие за навек не задолжија нас да го чествуваме овој голем празник, да покажеме поголемо заедништво и мудрост и да излеземе посилни пред предизвиците со кои се соочуваме“, порача Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…