Маричиќ: Мицкоски за првпат ги стави во конфликт македонската и европската агенда
Многу скапо ги плати нашиот народ лагите и манипулациите пласирани од ВМРО-ДПМНЕ особено кога беше актуелен спорот со Грција, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Канал 5 телевизија.
Тој појасни дека билатералниот Договор со Бугарија е во преговарачката рамка само во делот на добрососедствотото, а добрососедството како критериум е во преговорите уште од 2005-тата година.
-Да не се залажуваме дека одново ако преговараме ќе добиеме подобри услови, кажа Маричиќ.
Тој ја искоментира и вчерашната изјава на Мицкоски – европејците да ја тераат европската агенда, а ние ќе ја тераме македонската агенда.
-Она што го кажува Мицкоски е интересно, бидејќи за првпат ги става во конфликт европската и македонската агенда. Тоа што ние го сметаме е дека македонската агенда е и европска агенда и европската агенда е и македонска агенда. Европската кауза е и макеоднска кауза. Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ. Наша цел не е постојано да сме во чекалницата. Вака ги мотивираме граѓаните да извадат пасош од друга држава и да си заминат, истакна вицепремиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…
Митровденска задушница – спомен за починатите
Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…