Маричиќ: Молдавија го зема местото на Македонија во евроинтеграциите

t

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграциии, Бојан Маричиќ, вели дека Молдавија го преземала редоследот од Македонија на патот кон ЕУ, според она што тој го обсервирал од последните тековни процеси. Оваа земја, според него, е сега заедно во „пакет“ со Црна Гора и Албанија, наместо таму да биде Македонија.

„Во моментот, за наша жал, Македонија е излезена од групата на успешни приказни и е ставена во групата на овие приказни коишто се во доменот на замрзнати конфликти и коишто им треба уште многу за да влезат во Европската Унија, а на наше место е придодадена Молдавија“, вели Маричиќ во интервју за порталот „Рацин“.

Тој тврди дека тоа го знае од прва рака бидејќи работи во Црна Гора и во Молдавија на проширувањето, односно на процесот на преговори.

„Во новиот пакет стратешки пакет за проширување се Молдавија, Црна Гора и Албанија. Тие држави се ставени на брза лента на преговори и нивните преговори течат извонредно забрзано во споредба со тоа што сме го имале досега во случајот на Црна Гора и Србија.

Нивните преговори денес наликуваат на оние преговори од големото проширување од 2004 година или со Бугарија и Романија, кога навистина забрзано се поминуваа поглавјата за да се дојде брзо до исходот на затварање на преговорите и членство“, изјави Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…

Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…