Маричиќ: На самитот во Гранада очекуваме 2030 година да се потврди како политичка цел за ново проширување на ЕУ
Очекуваме на самитот во Гранада да се зацртаат практично целите на процесот на проширување, 2030 да се потврди со политички заклучок на телата на ЕУ како политичка цел за ново зачленување, да се направи одприлика таа листа на држави кои ќе целат кон членство во 2030, наведе вицепремиерот за еворопски прашања Бојан Маричиќ во вестите на Алсат.
Тој додаде дека очекува да биде зацртан и планот за развој на Западен Балкан од Урсула фон дер Лејен, кој ќе опфаќа повеќе можности за државите од регионот и државите кандидатки како да пристапат на внатрешниот пазар порано од членството.
Маричиќ истакна дека сега е времето за носење одлуки и важно е да го фатиме овој пакет што се подготвува за да може Македонија да стане членка на ЕУ при следното проширување во 2030 година.
„Ние ќе ги употребиме сите наши сили да ја убедиме опозицијата и како политичка партија , но и поединци да дадат поддршка на овие уставни измени затоа што цената ќе биде многу голема од заблудата дека можеме да добиеме подобар договор и дека ни се исплати да чекаме“, изјави Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…