Маричиќ на средба со Лајчак: Македонија води политики базирани врз европските вредности
За нашите партнери од ЕУ, Македонија е позитивен пример за решавање на отворените прашања со соседите и земја која одлучно напредува кон Унијата, констатираа на денешната средба во Брисел вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и претставникот на Унијата за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
– Водиме, се залагаме и поддржуваме политики базирани врз европските вредности, кои не гледаат назад во минатото, туку водат кон јасна ЕУ перспектива и нудат стабилност, просперитет и благосостојба за нашите граѓани, истакнал Маричиќ.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Маричиќ се информирал за текот на дијалогот помеѓу Приштина и Белград и го поздравил напредокот во преговорите и новата можност да се затворат отворените прашања.
– Соговорниците потврдија дека изборот Охрид да биде место каде ќе се разговара за нормализација на односите Белград – Приштина, а премиерот Димитар Ковачевски домаќин на средбата, е доказ дека Македонија е синоним за конструктивен дијалог, зрелост и одговорност во регионот, се наведува во соопштението.
На средбата е разговарано и за домашната политичка ситуација, отворените прашања во регионот и важноста со јасен план да се потврди обединувањето на Западен Балкан со ЕУ.
– Главниот преговарач со ЕУ го брифираше Лајчак за текот на скринингот и беше изразено очекување дека Македонија треба брзо да напредува во реформите и да го зачува континуитетот на пристапните преговори со ЕУ, се додава во соопштението на СЕП.
Средбата со Лајчак, Маричиќ ја оствари во рамки на неговата посетата на Брисел, каде ќе учествува на билатералните скрининг состаноци за Кластерот 2 – „Внатрешен пазар“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…
Цените на нафтата се намалија денеска откако…
Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…
„Добар ден на сите, би сакал да…
ЈО за отворање случај за Алта банка:…
Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…