Маричиќ објасни како ќе дојдат до 2/3 мнозинство за промена на Уставот!

t

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во изјава за „Канал 5“, дадена веднаш по завршувањето на состанокот за отпочнување на скрининг процесот во Брисел изјави дека денес ги почнуваме официјално преговорите и дека сите лаги на опозицијата и на останатите паѓаат во вода, бидејќи и дека преводот се одвивал на македонски јазик.

Вицепремиерот информира дека периодот на скрининг од 14 до 16 месеци дава доволно простор за отвoрање на процес на дијалог во Собранието за уставните измени.

-Мислам дека во процесот на скрининг ќе можат да се вклучат сите, да видат како тече. Ќе ги извадиме оние клучни документи, патокази за владеење на право, за реформи во јавната администрација, за демократски институции, акцискиот план за малцинства за да се увери јавноста и пратениците дека таму нема ништо спорно ниту ќе има нешто страшно. И на тој начин во еден дијалог да дојдеме до 2/3 мнозинство за промена на Уставот, истакна Маричиќ.

Според вицепремиерот Маричиќ јасно е дека доколку тоа не го направиме нема да можеме да одиме во следната фаза, бидејќи сега по отворањето на преговорите веќе е прашањето кој е за, а кој е против ЕУ, односно кој е за продолжување, а кој е за нивно запирање.

-Скринингот мораме да го поминеме. Доколку успееме во 2/3 мнозинство, продолжуваме со Втората меѓувладина конференција, со што се отвора патот за Поглавјата. Сите се свесни. Исполнети се сите услови. Не би било разумно да се блокираме самите себе во било која фаза, додаде Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…

И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…

Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…