Маричиќ: Полноправно членство во ЕУ е нашата мисија која ќе ја исполниме до 2030 година

t

Благодарен сум за довербата од делегатите на Конгресот на СДСМ, ми претставува чест и мотивација да бидам кандидат за пратеник во изборната единица 1, сподели вицепремиерот, Бојан Маричиќ.

„Членовите и поддржувачите на СДСМ, демократите, прогресивните, тоа се граѓаните кои се борат за европски вредности и кои се бореа за сите позитивни промени од независноста наваму.

Затоа, со сето знаење, со цела сила и моќ ќе ги водиме овие избори кон победа за европска иднина за сите нас. Нема откажување, намало и нема да има.

Полноправно членство во ЕУ за Македонија е нашата мисија која ќе ја исполниме до 2030 година.

Низ кампањата пред нас ќе го чуеме секој македонски граѓанин и пред секого ќе го презентираме нашиот план за европска Македонија.

Да не ја бараме Европа надвор од нашите домови, да ја стигнеме ЕУ надградувајќи го нашето општество по европски стандарди“, сподели, меѓу другото, Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…

ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…

Македонија и во најновиот извештај на Европската…

Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…

Европската комисија претстави нови насоки со кои…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…