Маричиќ: Потребни се паметни одлуки за да одиме напред, немаме дилема за патот кон ЕУ
„Сакаме и работиме за членство на Македонија во ЕУ до 2030, сакаме да бидеме дел од системот на европските вредности, а најважно е што сакаме граѓаните да живеат на ниво на европскиот стандард на живеење на денот на пристапување во Европската Унија, односно платите и пензиите да продолжат да растат со уште посилен интензитет“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „МК во ЕУ до 2030“ во Куманово.
Тој додаде дека единствена добра перспектива за нас е европската и тоа е едиснтвениот пат за подобар живот на граѓаните.
„Се наоѓаме пред раскрсница на која имаме два правци – за и против ЕУ? За подобра, сигурна и извесна иднина на македонските граѓани и против силна економија, просперитет и сојузништво со најмоќните европски држави? За себе или против себе? Ние немаме никаква дилема за патот по кој се движиме и по кој ја водиме државата“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека потребни се паметни одлуки со кои ќе одиме напред, а тоа ќе значи и макотрпна работна на реформската агенда за економски развој, повеќе европски можности и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.
„ЕУ не е само правното приближување и хармонизација на македонското законодавство со европското, туку и реални проекти кои го прават поквалитетно секојдневното функционирање на граѓаните. ЕУ е синоним за подобар живот на граѓаните, кој преку својата финансиска поддршка е најголем донатор и помош за постигнување на европските стандарди и реформи“ рече Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…