Маричиќ: Првото гласање за уставните амандмани до крајот на јули
Наша должност во најбрз рок да ја почнеме парламентарната дискусија за уставните измени. Крајот на јули е моментот кога Собранието паузира, па сметам дека треба до тогаш да се случи првото гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември, изјави вицепремиерот за ервопски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.
– Минатите уставни измени сме ги направиле за три месеци и сметам и дека и сега можеме така да направиме. Ќе се создат услови за двотретинско гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември. Постои оптимизам дека европската перспектива може да стане реалност со заедничка одговорност на сите парламентарни партии, затоа што членството во ЕУ е одговорност на сите. Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност. Ако цела европска и светска јавност ни вели дека сега е вистинскиот момент и ние знаеме што се нашите обврски, вистинското место, вистинското време за отворање на дијалогот е сега, по 17 години во чекалната на ЕУ, државата и граѓаните немаат време за губење, истакна Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…
Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…
Цените на нафтата пораснаа за околу два…
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…
Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…