Маричиќ: Руската политика за регионов е многу јасна, ние треба да влеземе во ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ нагласи дека Западниот Балкан е се уште турбулентен регион, па, според него, не постои постојана мировна стабилност. Според Марилиќ проширувањето на ЕУ е во криза, бидејќи последната членка е Хрватска која влезе пред девет години.
– Не знаеме кога ќе биде следното проширување, а политиката на проширување на ЕУ е најуспешна политика за стабилност, рече Маричиќ.
Според него, потребна ни е временска рамка за да се подготвиме со некои пречки како што е моќта на ветото.
– Што и да се случи следната седмица на јунскиот самитот и на следните самити со следните претседателства, важно е Западен Балкан да не биде заборавен од ЕУ и НАТО. Да не се чувствуваме дека сме заборавени зашто знаеме дека третите земји дефинитивно ќе навлезат повеќе во регионот отколку сега. Ја знаеме руската политика во Западен Балкан, таа не е многу содржајна, но е многу јасна. Ние сакаме да ја победиме таа перцепција само со силни политики, рече Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…