Маричиќ соопшти: Скринингот по поглавја започнува од средината на септември
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во изјавата за „Алсат М” кажа дека државата е веќе по нивните анализи, 45% државата веќе има усогласување во делот на законодавството и доколку се продолжи со таа динамика смета дека темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе 10 години.
На прашањето дали официјално започна скринингот на вчерашниот состанок кој се одржа во Брисел, заедно со делегацијата на Република Албанија, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека вчера официјално започна процесот на скрининг, а на состанокот бил отворен од страна на еврокомесарот Вархеји, било објаснето кои се чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности.
– Практично средината на септември почнува скринингот и по Кластери и по Поглавја. Најпрво во прва фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи, додаде вицепремиерот Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…