Маричиќ: Соработката со Албанија ќе го направи процесот на преговори со ЕУ побрзо и полесно за двете земји

t

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со главната преговарачка со ЕУ за Република Албанија, Мајлинда Дука потпиша Меморандумот за соработка за прашањата поврзани со интеграцијата во Европската Унија, во рамки на втората меѓувладина седница на Македонија и Албанија, која се одржа денес во Скопје.

– Со Република Албанија остануваме и понатаму во евроинтегративниот процес давајќи несебична поддршка едни на други, и на политичко и на техничко ниво. Работиме заедно и имаме видлив степен на соработка и блискост и помеѓу нашите тимови на експертско ниво, кога сме во Брисел. Денеска го официјализираме тоа што го разговаравме на последната средба со мојата колешка Мајлинда Дука, посочи вицепремиерот Маричиќ.

Според него, Меморандумот за соработка за прашањата поврзани со интеграцијата во Европската Унија е инструмент за институционализирање на соработката помеѓу Македонија и Албанија кој ќе им помогне на двете земји подобро да се подготват за пристапување во Европската Унија како полноправни членки.

Вицепремиерот Маричиќ смета дека Меморандумот ќе помогне во идентификувањето области каде двете земји ќе градат заеднички ставови и ќе бараат заеднички место на масата со земјите членки за процеси кои ги засегнуваат. Меморандумот исто така овозможува, преку размена на знаења, информации, искуства, практики, државни службеници, организирање на заеднички настани, консултации, иницијативи, и преку воспоставување на постапки за координација и редовни состаноци, да се направи процесот на пристапни преговори полесен, поефикасен и побрз.

Маричиќ и Дука се согласија дека ова е уште еден чекор напред кон зајакнување на меѓусебната веќе блиска соработка, и дополнително придонесува кон развојот на пријателските и добрососедските односи меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…