Маричиќ: Ја имаме најголемата шанса за влез во ЕУ до сега
Вечерва од Кисела Вода, Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ се обрати од собирот на граѓани.
Во своето обраќање вети надеж, посветеност и напорна работа на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.
„Ние ја гледаме иднината на државата како горда и рамноправна членка на ЕУ најдоцна до 2030 година. Сега ја имаме најголемата шанса досега за влез во ЕУ – извесно е, предвидливо е, остварливо е. Заедно ќе успееме.”
Маричиќ посочи дека патот кон ЕУ не е лесен. Но, државничките одлуки што ги донесе Владата на СДСМ во изминатиот период ја приближија земјата до ЕУ.
„Од почетокот на 2022 до оваа година, посветено спроведувавме политики и мерки кои гарантираат економска сигурност, подобрен животен стандард и солидарност.
Докажавме дека грижата обезбедува поддршка, стабилност и спокојство за сите наши граѓани. Посебно внимание посветивме на социјално ранливите групи и пензионерите.
СДСМ има конкретна, издржана и остварлива програма грижа за сите категории граѓани и за идниот развој на државата” – рече Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…