Марија Димовска е светски шампион во кик бокс!
Димовска во финалето на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија, славеше 2-1 против Израелката Мија Лијамичев. Марија го освои првото злато за Македонија на ова СП, а за второто ќе треба да ја почекаме борбата на Силвио Мировски, додека Лука Змејкоски пред неколку минути се закити со сребрен медал.
„Марија победи проитив кикбоксерката од Израел, притоа покажа доминација во сите рунди. Иако и одземаа еден поен на Марија, пак, победи“, изјави кратко по борбата селекторот Дејан Митровски-Урко.
На СП учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.
Резултати Светско првенство за кадети и јуниори:
Лоу кик
млади јуниори
-60 кг
Марија Димовска – Јелена Стојановиќ (Босна и Херцеговина) 3-0 ½ финале
Финале
Марија Димовска –Мија Лијамичев (Израел) 2-1
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…