Марковски: Надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар

t

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

-Не знам чија е надлежноста за ѕидот, но сметам дека е на сите оние кои се инволвирани во процесот. Треба да седнат заедно и да го решат овој проблем што побрзо, изјави Марковски во одговор на новинарско прашање во Стопанската комора.

Порача дека не е запознаен со конкретната состојба на ѕидот за да оцени дали треба да се урне и да се гради наново, но посочи дека во секој случај треба да се реагира брзо.

Уште пред 15-тина години, како што кажа, испратил лично писмо како загрижен за она што се случува во тој дел од градот и за стабилноста на објектите кои таму се градат во кое посочил дека голем дел од потпорните ѕидови не се испроектирани за да можат да носат таков зголемен товар.

-За жал тоа помина со молк од оние што беа надлежни, потенцира Марковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина е подготвена за избори ако…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

САД можеби купуваат ирански дизел преку Русија:…

Дизелот што Русија, според првичните информации, започнала…

Осомничените се обиделе да ги прегазат полицајците,…

Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди…

Камала Харис жестоко го нападна Трамп: Неговата…

Поранешната американска потпретседателка Камала Харис упати остри…

Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…

Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…