Марковски: Скопје доживува клиничка смрт

t

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски, остро реагираше на состојбата со загадувањето и депониите во главниот град, оценувајќи дека градот се наоѓа во „клиничка смрт“.

„После вчерашната поддршка на граѓаните од населбите Аеродром и Ново Лисиче кои, заедно со сите нас, систематски се трујат во гасната комора на неодговорноста, можам само уште еднаш да констатирам дека нашето Скопје доживува клиничка смрт од која можат да го спасат единствено докажани независни експерти во своите области,“ напиша Марковски.

Тој предупреди дека политиканството може само дополнително да го уништи градот, споредувајќи го со „инекција за еутаназија“.

„Потребни се итни, конкретни мерки за трајно решавање на проблемот со новото и постојното ѓубре – болни, но современи и долгорочни решенија без манипулативен популизам. Нема лесни и ефикасни решенија за долготрајно наталожени проблеми,“ порача независниот кандидат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марковски: Скопје доживува клиничка смрт

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан…

(Видео) „Загадувањето е само визуелно“, ама пече…

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Лишен од слобода лихвар од Скопје –…

На 10.09.2025 во 15:00 во Скопје, полициски…