Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски тврди дека им се причинува

t

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за загадувањето на воздухот деновиве, ниту една влада досега не се однесувала со проблемите на граѓаните како што сега се однесува владата на ВМРО ДПМНЕ, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„После 10 дена пожар во Вардариште,неколку дена пожар во Дрисла, граѓаните практично се гушат,скандалозна е изјавата на премиерот дека можеби изгледа загадено, но нема доволна количина на честички, кога луѓето знаат како дишеа синоќа, вчера пред два дена. Таквиот став на власта таквата изјава на премиерот во најмала рака е непочитување на граѓаните “, рече Филипче.

Тој додаде дека сериозно е загрозено здравјето на граѓаните во цело Скопје посебно во населбите околу Дрисла и Вардариште.

„ Мајките во Аеродром и околните населби ги прибираа децата дома вклучуваат прочистувачи за воздух а власта не прави ништо. Едно е да грешиш во политиката друго е да немаш капацитет,но да ги игнорираш проблемите како што тоа го прави на секоја тема власта, е нешто што е скандалозно и досега ниту една влада ма Македонија не се однесувала вака со проблемите на граѓаните со секојдневните проблеми на граѓаните“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…