Марко на Голема Богородица ќе се обиде да го оствари сонот, да исплива 64 километри
Младиот спортски херој, охриѓанецот Марко Пејчиновски, на христијанскиот празник Голема Богородица на 28 август ќе ја заврши својата мисија летово, а тоа е десет пати да го преплива Охридското езеро.
Сега веќе 16-годишниот маратонец со години наназад покажува дека и со некроза на ногата, поради која одреден период не смееше да плива, може да се оствари зацртаното.
После 186 километри во девет препливувања, го најавувам моето последно препливување на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. Пред три години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик. Тука сум да си докажам колку сум подобрен, да си докажам дека можам да го остварам мојот сон и да ја исполнам мојата желба и празнината која остана. Сакам да ве инспирира и вас, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно, без разлика какви се пречките кои ги имате на патот до успехот морате да продолжете и не смеете никогаш да се откажувате. Имајте своја цел, најдете свој мотив и остварете ја, изјави Марко.
Пејчиновски првпат ѝ стана познат на јавноста пред четири години, кога со 12 години како најмлад во историјата го „скроти“ Охридското езеро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишник од беровско ја натепал баба си…
Жена од беровско која е старател на…
Од утре пониски температури, локален пороен дожд,…
УХМР информира дека од утре дневната температура…
Се степале снаа и свекрва, едната завршила…
На 21.08.2026 година во 16:15 часот во…
Трамп: Ормуската Теснина e „американска територија“
Претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече…
Деца од Тетово пакувале дрога во работилница
Полициските “тигри” ја воделе акцијата во Тетово…