Марко сведочи за страшното невреме кое го опустоши неговото село: „Никогаш не сум видел поголем мраз во мојот живот“
Посавското село Бошњаци тешко настрада во силното невреме со град што ја зафати Хрватска! Мразот со големина на тениско топче направи огромни штети, градот траеше половина час, а нема куќа или фасада што не е оштетена.
Марко Кнежевиќ, чија куќа е меѓу погодените од град, вечерва за ХТВ изјави како изгледало вчера попладне.
– Бев во куќата, погледнав низ прозорецот, ги видов облаците како доаѓаат, почнав да го вадам ќебето за да ja заштитам шофершајбната на комбето и во тој момент кога излегов почнаа да паѓаат големи парчиња сув мраз. А што да правам – се повлеков кога видов дека ќе биде катастрофа ако ме погоди – изјави Кнежевиќ. Како што вели, се плашел за својот живот.
„Никогаш не сум видел поголем мраз во мојот живот“
„Никогаш во животот не сум видел поголем мраз“, додаде тој.
– Потоа влегов и почна ужасно да удира по прозорецот, да штрака по прозорците – рече тој.
– Се повлеков со децата и сопругата внатре, влеговме под скалите, потоа почна „пукањето“ и траеше добри 20 минути – изјави Кнежевиќ.
– Мислиш дека ќе престане, но почнува да станува се посилно и посилно. Нешто неверојатно, не сум видел досега – додаде тој. Вели дека мразот од балконот морал да го исчисти со лопата.
– Беше околу 20, 30 сантиметри, вратата едвај се отвори – се присетува тој.
Парчиња мраз паднале и во куќата каде штетата, проценува тој, е најмалку 10.000 евра. Мештаните, вели, си помагаат за што поскоро да се санираат штетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка си го продала бебето во Грција,…
Две жени во Грција се соочуваат со…
Голем сајбернапад врз Европската комисија: Можно е…
Европската комисија била цел на голем сајбернапад…
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Паланчани во сабота излегуваат на протест против…
Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…