Објавено на:

Марокански фудбалер влета со автомобил во спортска сала

t

Мароканскиот фудбалер Софијан Кијине (25) доживеа тешка сообраќајна несреќа, откако управувајќи со својот автомобил буквално влета во спортска сала во белгискиот град Лиеж, јавија денеска локалните медиуми, додавајќи оти играчот на Оуд Хеверле Лојвен е повреден и пренесен во болница, но е надвор од животна опасност.

Возејќи со голема брзина Кијине загубил контрола врз своето возило, по што на кружен тек удрил во ивичник, прелетувајќи преку улицата пред да удри во соседната спортска сала.

На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа како автомобилот на фудбалерот „лета“ по што се забива во спортската сала, оставајќи голема дупка во зградата.

Медиумите јавија дека е голема среќа што во инцидентот нема други повредени, иако во спортската сала имало многу деца. Неколку моменти пред несреќата, децата заминале во соблекувалните и никој не е повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…