Марта Кос ги осуди нападите врз граѓани и и новинари на протестите во Србија
Европската комесарка за проширување Марта Кос ги осуди нападите врз граѓани и новинари за време на протестите во Србија. Таа оцени дека извештаите за насилство за време на неодамнешните протести се многу загрижувачки.
„Извештаите за насилство за време на неодамнешните протести во Србија се многу загрижувачки. Напредокот на патот кон ЕУ бара граѓаните да можат слободно да ги изразуваат своите ставови, а новинарите да известуваат без заплашување или напади“, напиша Кос на социјалната мрежа „X“.
Граѓани и студенти се собраа во повеќе градови во средата навечер, а инциденти беа забележани во Нови Сад, каде што собраните симпатизери на СНС ги нападнале граѓаните со пиротехнички средства, додека во Белград дошло до судири меѓу полицијата и демонстрантите, а неколкупати бил фрлен и солзавец.
Протестите во средата навечер ги одбележа и досега невидена сцена – припадник на војската на Србија извадил пиштол и испукал во воздух. Министерот Ивица Дачиќ изјави дека станува збор за српски војник „кој бил на службена задача за обезбедување на заштитена личност“.
Студентите во блокада ги повикаа граѓаните и вечерва да излезат на улиците на градовите низ цела Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…