Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот
Еврокомесарката за проширување Марта Кос вели дека Македонија треба да ги направи уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, како услов за продолжување на евроинтегративниот процес.
Во интервју за БНТ, на прашање како може да влијае врз Скопје да ги направи уставните измени, Кос порача дека верува оти со новата бугарска Влада ќе се најде начин процесот со Северна Македонија да продолжи.
„Јас верувам во новата бугарска Влада, со која работам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го придвижиме процесот со Северна Македонија“, рече Кос.
Таа додаде дека Владата во Северна Македонија треба да го исполни ветувањето и да го промени Уставот.
„Тие треба да го променат Уставот, тоа е договорено меѓу Северна Македонија и 27-те земји членки на ЕУ. Откако тоа ќе биде направено, ќе сметам на поддршката и од вашата земја за да продолжиме напред и со Северна Македонија“, изјави Кос.
Во однос на процесот на проширување, Кос посочи дека Црна Гора е најблиску до членство, додека за Албанија, Молдавија и Украина се подготвуваат патокази со можните технички чекори до крајот на мандатот на Европската комисија.
Таа оцени дека напредокот на две земји од Западен Балкан може да ги мотивира и Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово да се придвижат напред.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран демантира средба меѓу Резаи и Венс…
Иран ги отфрли извештаите дека секретарот на…
Франција го обвини Иран за сајбернапад врз…
Франција ја обвини иранската Револуционерна гарда за…
Касами ги викна оџата и владиката, ќе…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…
Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…
Муцунски во работна посета на Литванија и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…