Марфи: Македонија е голем пријател на САД и е земја кон која прво се обраќаме кога ни е потребна помош
Македонија е голем пријател на САД и е земја кон која прво се обраќаме кога ни е потребна помош, ние сме партнери во борбата за заштита на суверенитетот на Украина и треба да се осигураме дека Русија ќе ја плати цената за бруталната агресија таму, рече американскиот сенатор Крис Марфи во гостувањето во ТВ Сител.
-Партнери сме во поддршката кон нашите сојузници од Авганистан. Ние сме и економски партнери зашто се повеќе компании од САД доаѓаат во Македонија за разлика од било кога претходно, а сега сме официјално и безбедносни партнери, рече Марфи.
Тој додаде дека сега Македонија има директна безбедносна гаранција од САД.
-Следниот чекор е јасен, а тоа е Македонија да се приклучи во Европската Унија. Ова е поважно од било кога зашто Русија се заканува на Европа и САД, а Кина делува се поагресивно насекаде низ светот. Односите Европа-САД се највитални досега. Така што, ако сте партнер на САД од Европа, мора да бидете дел од Европската Унија сега. Ова е најважно во моментов, истакна сенаторот од САД.
Тој додаде дека тука е за да се осигури дека САД прават се што е можно за да и помогнат на Македонија кон ЕУ и да ги охрабри лидерите да направат тежок избор, кој е неопходен со цел да се стигне до ЕУ.
-Знам дека има дилеми дали некогаш Македонија ќе влезе во Унијата. Можам да ви кажам дека кризата во Украина е можност, бидејќи ЕУ сега гледа дека е под закана и сака да ја внесе Украина во ЕУ, но не може да ја внесе Украина без да ги внесе земјите од Балканот. Така што, има нова отворена врата и сега е моментот кога Македонија треба да покаже дека е сериозна кон приклучувањето во ЕУ, зашто ако се направи чекор наназад таа врата може да се затвори. Тоа е пораката која ја донесов овде, рече Марфи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…