Марјан Илиевски, тренер на Пелистер: натпреварот во Битола беше најдобриот натпревар во сезоната
По завршувањето на натпреварот во Битола, тренерот на Пелистер видно задоволен од играта и победата над МЗТ Скопје, за тоа како го виде финалниот натпревар рече:
-Мислам дека ова беше најдобриот натпревар во првенеството, кој пред се изоболуваше со добра одбрана на двете екипи. Тоа што кај нас беше важно е дека моравме да тргнеме посилно покрај сите пехови кои што ги имаме во завршницата, со повредени кошаркари, а одговоривме со оние играчи кои ги имавме на располагање. Сите кои играа дадоа свој максимум и многу сум горд на нив и на сето ова што се случува во Битола, во овој ден и во периодот пред натпреварот.
Дали победата значи дополнителна верба за кошаркарите дека пехарот е достижен Илиевски рече:
-Јас секогаш велам дека секој спортист треба да се стреми за највисок пласман, а секако тоа им го посакувам на моите играчи и на градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…