Објавено на:

Масакар во Нигерија: вооружени банди упаднале ноќе во село и убиле 30 луѓе

t

Најмалку 30 луѓе се убиени во напад на вооружени напаѓачи врз селото Наридон во државата Кадуна, на северозапад од Нигерија, објави „Асошиејтед прес“.

Нападот се случил доцна во неделата во областа Каура. Неколкумина биле повредени во нападот, а телата на жртвите биле префрлени во блиската болница, каде што се подготвува нивниот погреб.

Претседателот на Мрежата за мир и безбедност на Јужна Кадуна, Дерек Кристофер, рече дека истата област била нападната минатата година, речиси во исто време.

„Не знам кој останал да ги брани“,  изјавил тој, обвинувајќи ги властите дека го оставиле локалното население на милост и немилост на напаѓачите.

Жителот Рафаел Џошуа, кој им помогнал на повредените, потврдиЛ за АП дека телата на жртвите се пренесени во болница и дека се во тек подготовки за погребот.

Досега ниту една група не ја презеЛА одговорноста за нападот.

Во северозападниот и централниот дел на Нигерија, вооружени банди, познати локално како „бандити“, честопати напаѓаат села, убиваат селани и киднапираат луѓе за откуп.

Властите тврдат дека овие групи се составени претежно од поранешни сточари кои се вооружиле по долготрајните конфликти со земјоделците околу сè поретките природни ресурси.

Покрај нападите од бандити, Нигерија со години се соочува со бунтот на исламистичката група Боко Харам, како и СО нејзиниот огранок Исламска држава Западна Африка, кои се најактивни на североистокот од земјата.

Во текот на изминатата година, Нигерија беше и во фокусот на американската администрација, која ги обвинува властите во Абуџа дека не преземаат доволно мерки за заштита на христијанското население. Ова предизвика дипломатски тензии меѓу Вашингтон и Нигерија.

На 25 декември, Соединетите Американски Држави, во соработка со нигериските власти, извршија напад врз членови на Исламската држава за кои се сомневаше дека дејствуваат на територијата на Нигерија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакар во Нигерија: вооружени банди упаднале ноќе…

Најмалку 30 луѓе се убиени во напад…

Вооружени напаѓачи во Нигерија убија 17 земјоделци…

Вооружени лица убија 17 земјоделци додека работеа…

Киднапирани 42 ученици во Нигерија

Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али…

Трамп: САД извршија напади врз цели на…

САД извршија божиќен напад во Нигерија, убивајќи…

Вооружени напаѓачи киднапираа над 200 ученици во…

Портпаролот на CAN, Даниел Атори, изјави дека…