Објавено на:

Маск: Вештачката интелигенција може да предизвика сериозна штета

t

Американскиот милијардер Илон Маск и група стручњаци за вештачка интелигенција (ВИ) бараат шестмесечен прекин на системите за обука. Во отвореното писмо тие наведуваат дека овие системи се помоќни од неодамнешното лансирање на понапредната верзија на четботот „Chat -GPT“ на „Open AI“.

Писмото е потпишано од над 1.000 луѓе, меѓу кои и Маск, натаму – Емад Мостак, извршен директор на „Stability AI“ и истражувачот од „DeepMind“, Стјуарт Расел. Тие повикуваат на пауза во развојот на напредна ВИ додека прво не се развијат заеднички безбедносни протоколи. Се наведува и дека ВИ може да доведе до економски и политички нарушувања. Аналитичарите ги повикаа програмерите да соработуваат со креаторите на политики и регулаторните органи.

– Писмото не е совршено, но намерата е правилна. Треба да забавиме додека подобро не ги разбереме последиците. ВИ може да предизвика сериозна штета, големите играчи стануваат сѐ повеќе и потаинствени за она што го прават. Ова ги отежнува можностите – општеството да се брани од штетата што може да се случи, рече Гери Маркус, почесен професор на Универзитетот на Њујорк кој го потпиша отвореното писмо.

-Моќните системи за ВИ треба да се развиваат само кога ќе бидеме сигурни дека нивните последици ќе бидат позитивни и дека опасностите ќе може да се управуваат, се вели во писмото.

И Европол се приклучи кон оние кои пројавија загриженост во етичка и правна смисла. Тие предупредуваат на можна злоупотреба на ВИ, т.е. обиди за кражба на идентитет, дезинформации и киберкриминал.

Инаку, и „Тесла“ на Маск користи вештачка интелигенција во автомобилите со самоуправување.

„Open Ai“, компанија поддржана од „Microsoft“, и создавач не „Chat-GPT“ ги поттикна конкурентите да го забрзаат развојот на слични големи јазични модели. Сем Алтман, извршен директор на „Open AI“, не го потпиша писмото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…