Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН
Директорот на американското Одделението за владина ефикасност (ДОГЕ), Илон Маск го поддржа барањето на неколку републикански сенатори – САД да се повлечат од НАТО и од Обединетите нации.
– Се согласувам. Време е да се напуштат НАТО и ОН, истакна Маск.
Претходно и американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да останат во НАТО доколку другите членки не придонесат повеќе за Алијансата.
Ако ги платат сметките, ние сигурно ќе ја задржиме улогата на Америка во Алијансата, изјави Трамп.
Пред неколку дена американските сенатори од Републиканската партија, меѓу кои и Мајк Ли, поднесоа предлог-закон за целосно повлекување на САД од ОН.
Ли подолг период го критикува НАТО, истакнувајќи оти Алијансата е „одлична зделка за Европа“, но „суров договор за Америка“. Според него се користат американските ресурси за одбрана на Европа, а малку се прави за заштита на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…