Објавено на:

Маск: Не користам дроги, „Њујорк Тајмс“ лаже

t

Милијардерот Илон Маск изјави дека не користи дрога, негирајќи го извештајот на „Њујорк Тајмс“ во кој се тврди дека тој често користел кетамин и некои други дроги.

„Пробав кетамин на рецепт пред неколку години и тоа го кажав на X, така што ова не е ни вест. Помага за излегување од мрачни ментални состојби, но оттогаш не сум го користел,“ напиша Маск на X, додавајќи дека весникот „лаже“.

Маск, кој работеше како близок советник на претседателот Доналд Трамп во неговите напори за намалување на владините трошоци, во петокот се повлече од таа улога. Главниот извршен директор на „Тесла“ (Tesla) и „Спејс екс“ (SpaceX) изјави дека планира да остане советник на Трамп и по повлекувањето од функцијата во Одделот за владина ефикасност (DOGE).

„Њујорк Тајмс“ во петокот објави дека Маск користел дроги многу повеќе отколку што претходно било познато за време на претседателската кампања на Трамп, вклучително и честа употреба на кетамин, како и повремено користење на екстази и психоделични печурки.

На новинарско прашање во петокот вечерта дали знаел за редовната употреба на дроги од страна на Маск, Трамп одговори: „Не, не знаев. Мислам дека е фантастичен.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…