Објавено на:

Маск: САД ќе банкротираат без кратења на федералните трошоци

t

САД ќе банкротираат без кратење на федералните трошоци, изјави денеска технолошкиот милијардер Илон Маск.

Маск, кој ги предводи напорите под новосоздадениот Оддел за ефикасност на владата (DOGE), разговараше во Белата куќа со Трамп, кој во изминативе недели објави низа наредби насочени кон намалување на федералните трошоци, јавија американските медиуми.

Трамп планира денеска да потпише извршна наредба со која ќе им нареди на сите владини агенции, во соработка со Одделот за владина ефикасност (DOGE), на чело со Илон Маск, да ја намалат работната сила и да го ограничат вработувањето на клучни позиции, јавија американските медиуми цитирајќи неименуван претставник на Белата куќа.

Претходно денеска, Трамп рече дека од DOGE веќе откриле милијарди долари „фрлени во измама, расипништво и злоупотреба“, за што ја обвини претходната „неспособна американска влада“.

„Останува уште многу да се истражи. Нема оправдувања“, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…