Маск се откажува од плановите за нова политичка партија
Милијардерот Илон Маск „тивко“ се повлече од идејата за основање нова политичка партија во САД, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори блиски до него.
Маск наводно им рекол на соработниците дека сака повторно да се фокусира на компаниите, а истовремено да не ги наруши односите со потпретседателот Џеј Ди Венс – негов важен политички сојузник.
Идејата за „Американска партија“ Маск ја претстави во јули, по јавен судир со претседателот Доналд Трамп околу фискалната политика. Сепак, според медиумите, проектот е ставен во мирување за да се избегне раскол меѓу републиканците кои стојат зад Венс.
Маск накратко реагираше на написот со порака на мрежата Икс: „Ништо што Волстрит џурнал објавува не треба да се смета за вистина“. Иако негираше, весникот наведува дека тој дури сигнализирал финансиска поддршка за можната кандидатура на Венс во 2028 година.
Во изминатата кампања Маск вложи речиси 300 милиони долари во поддршка на Трамп и други републикански кандидати, а доби и позиција во администрацијата како раководител на новото Одделение за владина ефикасност, кое подоцна го напушти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…