Масовен протест во Атина за поддршка на Палестина
Мирен и масовен собир со концерт пред грчкиот Парламент и марш до амбасадата на Израел во Атина, одржаа претпладнево синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија, како и разни левичарско ориентирани здруженија и организации, јави дописничката на МИА од Атина.
Собирот започна со говори и обраќања, меѓу кои и на амбасадорот на Палестина во Грција, продолжи со концерт, а демонстрантите од центарот на Атина и плоштадот Синтагма се упатија кон израелската амбасада.
Маршираа со слоганите „Слобода за Палестина“ и „Историјата има една правилна страна, со Палестина до слобода“ и со развиорени палестински знамиња.
Амбасадата на Израел беше под силно полициско обезбедување, а демонстрантите додека поминаа пред објектот извикуваа „Убијци“.
Паралелно, во протестот учествуваа и Палестинци кои живеат во Грција.
Демонстрациите завршија мирно, без никакви инциденти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…