Објавено на:

Масовна тепачка меѓу навивачи на автопат во Хрватска

t

Немили сцени се видени во Хрватска на автопатот А6 во близина на Риека, според медиумите во оваа земја, каде што навивачите на Хајдук и Риека се степале, а очигледно се сретнале на пат кон гостувањата на нивните клубови оваа недела.
Навивачите на Хајдук отпатуваа за Пула на натпреварот помеѓу Истра и Хајдук, додека навивачите на Риека беа на пат кон Осиек.

Инцидентот се случил на наплатната рампа околу 15 часот и 30 минути, а во тепачката учествувале повеќе лица, соопшти полицијата.

Брзата интервенција на полицијата спречи натамошен конфликт и појава на поголема материјална штета.

Учесниците на оваа крвава гозба се приведени и по нив се води кривична истрага. На повредените во тепачката им била укажана лекарска помош.

На социјалните мрежи брзо се појавија видеа и фотографии од инцидентот на кои се гледа како маскирани хулигани се тепаат.

Армада и Торцида се големи ривали и омразата меѓу нив веројатно е втора по ривалството меѓу Динамо и Хајдук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…

Битола не спиеше: Навивачите до зори ја…

Во Битола изминатата вечер не се спиеше,…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Хрватска ја враќа воената служба

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…