Објавено на:

Масовна тепачка на дочекот на кој настапи Милица Павловиќ: Сѐ се случило додека го пеела хитот на Брена

t

За време на новогодишната ноќ, Белград беше полн со странски туристи, но покрај оние кои добро се забавуваа, имаше и гости кои им го расипуваа славењето на сите наоколу.

Имено, за време на дочекот на 2025 година, во еден белградски хотел избила масовна тепачка во која, како што неофицијално дознава „Курир“, учествувале членови на најбогатото ромско семејство кои специјално за оваа прилика допатувале во Белград.

Сè се случило на настапот на пејачката Милица Павловиќ, која беше задолжена за атмосферата за новогодишната ноќ во овој хотел.

Сега се појавија нови детали од дивеењето, што ги шокираше сите. Имено, додека Милица го пее големиот хит на Лепа Брена „Луда за тобом“, избива масовна тепачка меѓу толпа луѓе, кои потоа бегаат од хотелот. Тие демолирале хотелот, фрлале камења, ги тепале сите пред нив. Инцидентот се случил бидејќи на масата биле опоменати за употреба на дрога, по што настанал хаосот.

Пред впечатливата полноќ, Милица ги сумираше своите впечатоци: „Ви посакувам многу љубов, убави патувања, топли прегратки, убави песни, да нè нервираат помалку луѓе и да ги избришеме сите лоши луѓе од нашите животи, а да ги оставиме само добрите. Оваа 2024 година ми беше успешна, насмеана, љубезна, имаше многу предизвици, на кои одговорив со крената глава“, рекла таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…

Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…