Масовни протести низ цела Грција – полицијата со солзавец против земјоделците

t

Земјоделците ширум Грција во четвртокот уште поцврсто застанаа зад своите барања, продолжувајќи ги блокадите на главните автопатишта и проширувајќи ги протестите – од Тесалија до областа Македонија, Тракија, Епир и западните региони – додека бројот на трактори на патиштата постојано расте, објави „Катимерини“.

Најтешкиот сообраќаен колапс останува во поплавената Тесалија, каде што националниот автопат Атина–Солун и Е65 се во најголем дел затворени за редовен сообраќај, што предизвикува сериозни нарушувања. Напнато беше и во крајбрежниот град Кијато, каде што полицијата употреби солзавец откако земјоделците се обидоа да ја блокираат автопатската делница „Олимпија Одос“.

Во регионот Централна Македонија, земјоделците ги држат затворени јужните ленти на автопатот Солун–Атина кај Малгара од 1 декември, а повремено го блокираат и сообраќајот во северната насока. Дополнителни блокади се појавија на граничните премини со Македонија и со Бугарија, вклучително и кај Евзони и Промахонас, каде што земјоделците размислуваат да воведат построги ограничувања за меѓународниот транспорт на стоки.

Нови конвои се собраа низ северна Грција, меѓу кои во Верија, Халкидоно, Пела и Флорина, каде што земјоделците планираат маршеви кон граничните премини. Во Пиерија, каравани од трактори подготвуваат симболични локални блокади.

Еден од најмасовните протести останува оној во Никеа, кај Лариса, каде што се насобрани стотици трактори. Земјоделците таму планираат да вршат притисок до недела, а потоа следната недела да ги засилат протестите со нови митинзи и затворања на патишта.

Во западна Грција се појавија нови блокади на автопатот Патра–Пиргос, а се очекува демонстрациите дополнително да се засилат во следните денови.

Земјоделците бараат исплата на заостанатите субвенции и обештетувања, пониски трошоци за производство и поголема поддршка за сточарите погодени од неодамнешната појава на сипаници кај добитокот, која ги десеткуваше стадата овци и кози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…

Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…

Се подготвува ли „црна листа“ на гости…

Додека туристите со години ги оценуваат хотелите,…

(Видео) Трагедија во Грција: Брачна двојка на…

Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар…

Шумски пожар се шири на грчки остров…

Грчките пожарникари и денеска, втор ден по…

Куќите ни изгореа, нашите домови ги нема…

Драматични сцени се одвиваат на Халкидики, каде…