Масовни хакерски напади врз интернет инфраструктурата во Србија

t

Регистарот на национални интернет домени на Србија (РНИДС) потврди дека дел од давателите на интернет услуги во Србија се под хакерски напади.

Српски објавија дека е во тек ДДоС напад на многу точки на интернет инфраструктурата во Србија, вклучително и на делови од мрежата кои се вклучени во работењето на доменот „.RS“, односно „RNIDS“.

Поради технички проблем со кој се соочуваат одредени даватели на интернет услуги во Србија, отежнат е и пристапот до системот за регистрирање национални домени – соопшти Регистарот на национални интернет домени на Србија.

Тие наведуваат дека одреден број корисници имаат тешкотии или бавен пристап до системот за регистрација на домени.

Заедно со давателите на услуги кои беа нападнати, работиме на отстранување на проблемот и очекуваме решение во најкус можен рок. Повеќе информации за причината ќе бидат објавени откако ќе бидат познати деталите – соопшти РНИДС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата на нозе: Исчезнаа двајца тинејџери, ги…

Полицијата во Новопазар објави потрага по Микица…

(Видео) Обвинетите за масакрот во трговскиот центар…

Еден од обвинетите за учество во терористичкиот…

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

Три лица загинаа во руски напади во…

Три лица загинаа во руски бомбашки напади…

Вучиќ денес на средба со Макрон: 14…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…