Објавено на:

Матвиенко: Преговорите може да започнат само доколку Киев ги прифати условите

t

Претседателката на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвиенко, порача дека преговорите меѓу Русија и Украина може да се водат само доколку Киев ги прифати условите на Москва.

Се разбира, ако Западот сака, ќе го стави Киев на преговарачка маса и ќе ги натера да склучат мировен договор. Тие имаа сосема други цели, различни задачи. А, денес тоа веќе им е очигледно на сите. Меѓутоа, Русија не избегна преговори, почнавме преговори со Украина – изјави Матвиенко за телевизијата СТВ.

Таа објасни дека преговорите треба да се одвиваат под „реални услови“.

Тие се познати. И ние ги објавивме во јавноста. Ова се условите што беа објавени во целите на специјалната воена операција и, се разбира, Русија нема да преговара под никакви други услови, бидејќи Украина е таа што ја премина црвена линија – изјави Матвиенко.

Во Украина, според неа, колективниот Запад се бори против Русија.

Ако зборуваме за тоа што се случува во Украина, Русија не е во војна. Тоа е колективниот Запад, НАТО е тој што војува со Русија преку рацете на Украинците. Затоа моравме да сториме се да го заштитиме нашиот суверенитет и нашата безбедност. Русија е сè уште подготвена за преговори, но не декларативно, без да измислува никакви шеми или теми кои може да ги одложат преговорите. Мора да се прифатaт јасно и прецизно нашите услови. И тоа ќе стане основа за преговори, при што ќе може да се прецизираат нијансите и така натаму – нагласи претседателката на Советот на Руската Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

САД бараат од балтичките сојузници да не…

Официјални лица од Пентагон во последните недели…

Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…